Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работодавачите ги користат Договори за вработување на определено за манипулирање на работниците , намалување на правата од работен однос

Уредувањето на траењето на договорите на определено време беше еден од главните проблеми и во досегашните преговори на социјалните партнери во постапката за донесување на нов Закон за работните односи која е започната од 2018 година.

Сојузот на синдикатите на Македонија постојано укажува дека договорите на неопределено време се правило во работните односи , тие се услов за квалитет во работењето ,мотивираност и лојалност кон компанијата , а сето тоа е предуслов за постигнување на поголема продуктивност на трудот и добивка во компанијата што е во интерес на работодавачите , но истовремено за работниците значат сигурност , безбедност и перспективен начин на планирање на животот и развој на семејството.

Работодавачите треба да знаат дека насекаде во светот договорите на определено време се исклучок , а не правило, тие се применуваат за привремени и повремени работни задачи во одредени услови утврдени со закон(замена на отсутен работник, зголемен обем на работа и сл) , како и за повремено извршување на работи кои не е од основната дејност на компанијата.

Од тие причини ССМ се залага овие договори да бидат ограничени и со времетраење најмногу до една година под определени услови предвидени со закон, односно истите да бидат донесувани при постоење на реалени , објективни услови и потреби на работниот процес.

Практиката покажа дека работодавачите ги користат овие договори за манипулирање на работниците , намалување на нивните права од работен однос поради страв дека договорот нема да им биде продолжен и изрекување на откази на договорите за вработување без утврдување на реални причини за отказ .

Преговорите за нов ЗРО се започнати од 2018 година , често работодавачите во преговори залагајќи се за можноста договорите на определено време да се склучуваат без никакво законско ограничување во поглед на услови и причини , како и залагајќи се истите да се склучуваат и за работи кои траат три или повеќе години , всушност работодавачите се залагаат за можноста за брзо отпуштање на работниците по свое субјективно видување ,без причина или вина на работникот , без реална основа и утврдена фактичка состојба и без никакви обврски и одговорност.

На овој начин работниците се ставаат во сериозно подредена состојба со што се нарушуваат нивните човекови права .

Работничките права се најзначајниот дел од човековите права , ССМ сериозно се грижи за нивната реализација , заштита и унапредување , нема да дозволиме намалување на работничките права, дерогирање на законот и правна несигурност за работниците .

Пратениците да се охрабрат и да прифатат предлог кој значи намалување на траењето на договорите на определено време на една година или на 6 месеци како што е предлогот на Левица во Собранието и да придонесат за елиминација на злоупотребите кои ги прават работодавачите со ваквите договори за вработување на определено време кои во време на криза беа најмногу користени за губење на работните места . 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.