Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАТИФИКУВАНА КОНВЕНЦИЈАТА НА МОТ К-190 НА ПРЕДЛОГ НА ССМ

Кампањата која ја водеше ССМ за ратификација на Конвенцијата на МОТ(К - 190) успешно заврши со ратификација на Конвенцијата на МОТ за елиминирање на насилството и вознемирување на полето на трудот (К - 190), со прогласувањето на Законот за ратификација на 14 јуни 2023 година ( објавен во Службен весник бр.129/2023).

Економско социјалниот совет - ЕСС имаше суштинска улога во оваа иницијатива поднесена од ССМ, а поддршката од сите социјални партнери беше важна за постигнување целосен општествен консензус околу ратификацијата на оваа конвенција.

Поддршката на Меѓународната организација на трудот е исклучително значајна во процесот на прифаќање на меѓународните трудови стандарди, а беше изработено и промотивно видео за Конвенција за спречување насилство и вознемирување во светот на работата ( бр.190) кое го промовираме по повод 25 ноември кога го одбележуваме Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Продолжуваме да работиме на унапредување на работничките права и имплементирање на меѓународните трудови стандарди и Конвенциите на Меѓународната организација на трудот.

International Labour Organization

Министерство за труд и социјална политика

Линк до видеото: https://youtu.be/WFgVw0Q7AoE

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.