Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РЕАКЦИЈА НА ССМ ПО ОДНОС НА СТАВОВИТЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ДЕНЕШНАТА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е = на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи.

Ги прашуваме дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само за додатокот кој треба да го платат на работниците, а не го плаќаат, им остануваат 7 милиони евра за само една работна недела и 3 милиони евра за придонеси од задолжително социјално осигурување кои требало да ги платат на Државата.

На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот

Се прашуваме дали поранешниот Директор на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) при привлекување на странските инвеститори, на истите им нудел робови или работници во Македонија, за кои очигледно се борел да не мораат да бидат ниту одморени ниту платени за својата работа, а поради тоа и таму е забрането да се формираат синдикати и работниците да се организираат за заштита на нивните работнички права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.