Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РЕГИОНАЛЕН РАБОТЕН СОСТАНОК ПОМЕЃУ ДРЖАВНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ЗА ТРУД СО ССМ, ОРМ И МТСП

На работилницата која денеска се одржа во ССМ се дискутираше за запознавање со регулативата од областа на трудовото законодавство, организационата поставеност и надлежностите на Државниот инспекторат за труд, инспекциската постапка, соработката со социјалните партнери, улогата на Инспекцискиот Совет и креирањето на политиките на Министерството за труд и социјална политика од трудовата област.

На работилницата учествуваа Инспектори од Република Србија и Република Српска,

Претставник од Инспекцискиот Совет на РСМ- Јулијана Силјановска, Главен инспектор во ДИТ - Весна Томовска, Претставник на Министерство за труд и социјална политика –Горан Нешевски –Советник за трипартитен социјален дијалог, Претставник на Сојузот на синдикати на Македонија –Дарко Димовски –Претседател на ССМ,

Претставник од Организацијата на работодавачите –Светлана Ристовска Антиќ –Извршен директор и др.

Директорката на ДИТ Јована Тренческа ги запозна учесниците со улогата,поставеноста и надлежностите на ДИТ, а претседателот на ССМ Дарко Димовски за улогата на синдикатите како социјален парнер и соработката со Државниот инспекторат за труд.

Претседателот на ССМ, Димовски ја искористи можноста пред присутните да ги презентира можностите кои ги нуди новата мобилна апликација ССМ-мои работнички права која беше изработена со поддршка на проектната канцеларија Зајакнување на социјалниот дијалог, а инфорнираше дека истата како добар пример и добра пракса се очекува во наредниот период да се имплементира и од синдикатите од регионот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.