Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РЕГИОНАЛНА МИНИСТЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

Регионална министерска конференција – „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето”, во организација  на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Централниот фокус на конференцијата беше развивање заеднички одговори на длабоките демографски трансформации кои го обликуваат регионот на Источна Европа и Централна Азија.

Aктуелните демографски трендови и предизвици, се прашање од суштинско значење за секоја држава, за иднината на секое општеството и за постигнување на целите за одржлив развој како и прашање од суштинско значење за сите активни чинители во самото општество како што се синдикатите, а особено Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како најстар, најброен синдикат и столбот на синдикалното движење во Македонија. 

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов  беше еден од панелистите, тој покрај другото истакна: 
 
,,Нашиот фокус треба да биде да не ги спречуваме луѓето да заминуваат од државата, но да им обезбедиме услови и услуги да сакаат да останат во Македонија, а тоа може да се постигне преку градење на политики за вложување во човечки капитал, подобрување на животен стандард, поголеми плати и враќање на доверба во системот."

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.