Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

С о о п ш т е н и е

КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СЛОБОДНИ
СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ
НА МАКЕДОНИЈА

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Денешната средба меѓу ССМ и КСС
Денешната средба меѓу ССМ и КСС

 

Денес на 17.09.2012 година, во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа заедничка средба меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Тема на разговор на средбата беше здружувањето на синдикалното членство во Република Македонија, чии иницијатори се Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

На средбата низ конструктивна расправа двете организации ја прифатија идејата за синдикално здружување на двете организации и се договорија за формирање на работни групи кои ќе работат на изготвувањето на потребните документи за здружување.

 

Договорено формирање работни групи за натамошните постапки
Договорено формирање работни групи за натамошните постапки

 

Скопје 17.09.2012 година

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.