Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ЗДРАВСТВО НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ФЗО

 

САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ЗДРАВСТВО НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ФЗО

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија Љубиша Каранфиловски и Потпретседателот Боби Стојановски остварија средба со директорите на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и Бранко Аџигогов. На средбата учествуваше и Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар ССКЦ.

Состојбите и потреби за подобрување на условите за здравствените работници во јавните здравствени установи беа главна тема на средбата.

Во фокусот беше колективниот договор и неопходноста од негова реализацијата со потпишување на Анексот на Колективниот договор како и платите во јавното здравство.

Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита побара средби со Министерот за здравство и со Претседателот на Владата за реализација на барањата на синдикатите за усогласување на платите со потпишување на Анексот на Колективниот договор

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.