- Македонски
- English

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски заедно со претседателот на Синдикалната организација во Фабриката за шински возила ,,Колска" од Велес, Тони Арсовски остварија средба со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
На средбата му беше укажано на министерот за големите проблеми со кои се соочуваат вработените во велешката фабрика Колска и од страна на синдикатот беа презентирани неколку можни решенија за излез од ваквата состојба во интерес на сите засегнати страни.
Синдикатот побара да се одржи уште една средба во проширен состав со учество на сите инволвирани страни за да се изнајде решение, а доколку истата не се случи до вторник, сите вработени ќе излезат на штрајк пред Владата во 9 часот на 12.10.2022 година.