Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Се формира мрежа за заштита при работа на финансиските синдикати од западен балкан

 

Утре во Загреб се одржува иницијална презентација на проектот “Формирање мрежа за здравје и заштита при работа“. Во проектот се вклучени финансиските синдикати од Македонија, Србија и Црна Гора, лидер на проектот е здружението “Мобинг“ од Хрватска, додека целата активност е финансирана од Европската Комисија.

Учесници на проектот, покрај синдикатите, се претставници на владите, парламентите, организациите на работодавачи, претставници од здравството и делегацијата на Европската унија. Една од целите на проектот е создавање мрежа за заштита при работа на сите земји од Западен Балкан.

На утрешната презентација од македонска страна учествува претседателот на Синдикатот на финансиски дејности на Македонија (СФДМ) Гоце Селовски.

За месец март се планирани уште три презентации на проектот – на 4 март во Белград, на 11 март во Скопје и на 18 март во Подгорица.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.