Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Седми спортски игри на сгип

 

 

Денес почнуваат Седмите спортски игри на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање. Во хотелот “Еуротел“ кај Струга од 11 до 14 јуни ќе се натпреваруваат околу 200 учесници од осум претпријатија: “ДГ Бетон – АД Скопје“, “ГД Гранит АД“ – Скопје, “ДОО Мавровоинженеринг“ – Скопје, “АД ГИМ“ – Скопје, “АД Киро Ќучук“ – Велес, “АД Тондах“ – Виница, “ФХЛ Мермерен комбинат“ – Прилеп, “АСД КИК“ – Куманово и “ДН Вардар АДГ Пелагонија“.

Учесниците во машка конкуренција ќе се натпреваруваат во мал фудбал, кошарка, пинг понг, шах, риболов, крос, пикадо, скок во далечина и влечење јаже. Жените ќе се натпреваруваат во кошарка, пинг понг, шах, крос, пикадо, скок во далечина и влечење јаже.

Овие средби не се ограничени само на спортувањето, туку се одлична можност за меѓусебно дружење и запознавање. Се разговара за состојбите во градежништвото, за заедничките проблеми и улогата на синдикатот, информира Павел Трендафилов, претседател на СГИП.

За жал, светската финансиска криза многу се одрази врз градежништвото. Поради финансиски проблеми на игрите годинава, и покрај досегашното редовно присуство на игрите, нема да учествуваат вработените од четири претпријатија – “Градежниот институт Македонија“, фабриката “Карпош“, “Џумајлија“, “Цементарница Усје“ и “Кнауф Радика“, рече Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.