Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Седуманесетти спортски игри на синдикатот за сообраќај

27.05.2012

Живко Митревски и претседателот на СРСВМ Миќо Стојановски на спортските игри
Живко Митревски и претседателот на СРСВМ Миќо Стојановски на спортските игри

Од 25 до 27 мај, во хотелот “Десарет“ во Охрид“ се одржаа Седмнаесеттите спортски игри и средби на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија.

На игрите учествуваа околу 150 членови на синдикалните организации на синдикатот СРСВМ. Покрај неколкуте спортски дисциплини во машка и женска конкуренција, како пикадо, крос, скок во далечина и друго, се одржа и натпревар по танцување.

Спортските игри и средби се една од традиционалните содржини на синдикалното движење, на кои синдикалците се дружат во послободна и другарска атмосфера.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.