Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Семинар на секцијата на жени при сгип

25.06.2012

Жените членки на СГИП во Врањска бања
Жените членки на СГИП во Врањска бања

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на 23 јуни 2012 година во Врањска бања организираше семинар на тема “Безбедноста и здравјето при работа за жената во градежништвото и индустријата за градежни материјали“. На семинарот учествуваа вкупно 146 жени, кои дискутираа за спроведување на подобри услови за работа и за рамноправноста на платите меѓу мажите и жените.

Овој семинар произлегува од Кампањата за безбедност и здравје при работа што подолго време и на повеќе нивоа ја води СГИП.

Во семинарот беше вклучен и рекреативниот дел “Вешта жена“, во кој учесничките се натпреваруваа во разни домаќински дисциплини. Оваа атрактивна манифестација од година во година зема се поголем интерес меѓу жените членки на СГИП.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.