Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Семинар со идните градежници

23.05.2012

Темите интересни и за професорите
Темите интересни и за професорите

Денес Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) одржа семинар за средношколците од средното градежно училиште “Здравко Цветковски“ во Скопје.

Темата на семинарот беше “Улогата на СГИП во сузбивање на работата на црно и правата на работниците согласно Законот за работни односи и колективните договори“. Предавачи на семинарот беа Благуна Стојкоска, секретар на СГИП, Иван Пешевски, асистент на претседателот на СГИП, Мики Лазаревски од АД Козјак Куманово и член на Секцијата на млади при СГИП и Ивана Димитрова - Журовска, координатор на Секцијата на млади при СГИП.

На овој семинар се зборуваше и за правата на младите и жените според Законот за работни односи, предностите од членувањето во синдикатот и потпишаните колективни договори. На семинарот  присуствуваа над 40 ученици, како и професори во ова училиште.

Денешниот семинар е дел од Програмата на СГИП  за информирање на учениците, студентите и невработените за нивните права при вработувањето во компаниите. СГИП преку Секцијата на млади ќе продолжи и во наредниот период да ги информира и запознава сите млади преку овој тип на предавања.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.