Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Семинар за вмрежување на синдикатите од дејноста хемија и неметали од регионот

22.09.2013 

22.09.2013 foto1Претставниците на двата синдикати договорија одржување на наредни средби со истата цел

Синдикатот на хемија, неметали и метали на Република Македонија (СХНМ) и Самостојниот синдикат на хемија и неметали на Република Србија, со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“, од 20 до 22 септември во Пробиштип одржаа семинар на тема “Улогата и потребата од регионално вмрежување на синдикатите“.

На семинарот, на кој присуствуваа 24 учесници од Македонија и Србија, беа поставени идните цели кон кои ќе се стремат двата синдиката. Една од приоритетните цели е вмрежувањето да ги опфати и да ги обедини и другите синдикати од регионот.

Договорени се понатамошни заеднички трибини и семинари, на кои како спонзор би се јавувала Фондацијата “Фридрих Еберт“, но исто така се зборуваше и за одржување конференции и семинари за кои синдикатите би се финансирале од својот буџет.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.