- Македонски
- English

Двочлена делегација на Синдикатот на финансиски дејности на Македонија (СФДМ) учествува на семинарот што го организира Светската организација на работниците (World Organization of Workers). Семинарот се одржува од 7 до 10 мај во градот Арад, Романија, со учество на синдикати, членки на WOW, од средна и источна Европа.
Темите на семинарот се колективните договори, нивното спроведување во дело и ефектот врз општествените прилики. Размената на искуства и заедничките цели на синдикатите, се вели во програмата, мораат да ги земат во предвид финансиската и економската криза. Синдикатите, меѓу кои и СФДМ, ќе поднесат извештај за состојбите со колективното договарање во нивните земји.
СФДМ е членка на WOW од 2008 година, со тоа што званичното членство почнува во 2009 година. Светската организација на работниците е федерација на синдикати од пет континенти, и тоа од администрацијата, комерцијалните дејности, металната и електроиндустријата, финансиските институции, графичката дејност, осигурителните компании, медиумите, неформалниот сектор и други дејности. WOW е нов назив на поранешната организација World federation of clerical Workers, која е основана во 1921 година во Луксембург.