- Македонски
- English

ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ ПРИМЕР ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА НЕДЕЛА ДЕН ЗА НЕДЕЛЕН ОДМОР НА РАБОТНИЦТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР
Денеска Претседателот на СГИП, Иван Пешевски и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски остварија средба со Директорката на ЈП Национални Шуми, Јулијана Николова, а на истата се разговараше за состојбата и планираните активности во Јавното претпријатие за наредниот период.
Претседателот на СГИП, Иван Пешевски во чии рамки како единствен репрезентативен претставник на работниците во дрвната индустрија се членови вработените во ЈП Национални шуми изрази задоволство за социјалниот дијалог со раковоството на претпријатието и истакна дека ЈП Национални Шуми е едно од првите јавни претпријатија кое доследно ги почитува измените и дополнувањата на Законот за работните односи во делот на утврдувањето на недела како ден на неделен одмор, поради тоа што работниците го добија заслужениот слободен ден во недела, а претпријатието на оние кои се мал број и се во исклучоците кои како работни места смеат да работат во недела ја добиваат зголемената дневница за дополнителни 50%.
Исто така Претседателот на ССМ Димовски и Претседатателот на СГИП Пешевски со Директорката Николова отворено дискураа за преку социјален дијалог во следниот период да се изнајде заеднички прифатлив модел за усогласувањето на платите на работниците во приватниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата со колективниот договор, а истото да не предизвика сериозни импликации на нормалното работење на Јавното претпријатие како и да се обезбеди сигурност и одржливост на работните места на работниците.
Директорката на ЈП Национални Шуми, Јулијана Николова истакна дека како пратеник уште во 2019 година се залагала недела да биде неработен ден и со тоа нa тој начин да се зголеми продуктивноста на работниците, да се намалат обврските и трошоците на работодавачите, но и да се оневозможи нелојалната конкуренција, а дека како Директор во ЈП Национални шуми се залага за доследна примена на Законот и работниците да го добијат заслужениот слободен ден во недела, како и да се плати зголемена дневница на оние кои се дел од исклучоците и заради природата на работните обврски работат во недела.
Претседателот на СГИП, Иван Пешевски и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Директорката на ЈП Национални Шуми, Јулијана Николова се согласија во наредниот период заеднички да настапуваат пред Владата со цел обезбедување на средства за редовно функционирање на претпријатието, обезбедување на стабилен приход и остварување на проектираните цели, а се во интерес на работниците и граѓаните кои добиваат услуги од ЈП Национални шуми.