- Македонски
- English
СГИП ЈА ЗАЈАКНУВА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА СО GTUBWW ОД ЕГИПЕТ
Синдикат за градежништво - СГИП и Синдикатот за градежништво и дрвна индустрија од Египет GTUBWW ја продолжуваат заедничката соработка
На покана на СГИП, делегација од братскиот синдикат во Египет на чело со Претседателот на GTUBWW, Abdelmonem Ibrahim Mohamed Elgamal оствари средба со Претседателот на СГИП, Иван Пешевски и потпишаа Меморандум за соработка во наредните 5 години.
Овој документ има за цел размена на искуства поврзани со работното законадавство и компаративни анализи помеѓу Законот за работни односи на Македонија и Египет. Исто така беше остварена средба и рзговарано за Законот за безбедност и здравје при работа како клучен во работата на градежните работници. Разменивме искуства за работното време, вредноста на платите, условите за работа итн.
Беше остварена средба и со Ивана Димитрова- Главен синдикален претставник на компанијата GD Granit AD Skopje и воедно раководител за Рехабилитација и реконструкција на државен пат А2, делница Крива Паланка-Деве Баир км 0+000 до км 13+000 каде во моментот работат 55 работници-членови на СГИП.
Исто така, на состанокот се разговараше и за условите во индустријата за градежни материјали каде имавме претставник од Cementarnica USJE AD Skopje - TITAN Group нашиот Главен синдикален претставник, Горан Јанкоски.
Оваа соработка трае повеќе од 20 години и искрено се надеваме дека ќе ја продолжиме и продлабочиме повеќе