Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СГИП ПРИ ССМ ГИ ЗГОЛЕМУВА ПЛАТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ ОД ПРИВАТЕН СЕКТОР ВО ГРАДЕЖНИШТВО И ИНДУСТРИЈА ЗА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Синдикатот за градежништво, индустрија, шумарство и проектирање на Република Македонија во изминатиот период напорно работи и успеа да обезбеди усогласување на платите на вработените во компаниите каде што има формирано синдикални организации.

Преговорите во приватниот сектор течат со предвидената динамика и работодавачите ги зголемуваат платите на вработените за најмалку 2.806 денари.

Со активно учество на СГИП платите се зголемени на вработените во ГД Гранит АД Скопје, ДГ Новоградба Скопје, Винербергер Виница, Титан Цементарница Усје АД Скопје и др , а во тек се преговори за привршување на процесот за зголемување на платите и на другите членови во СГИП.

Напоредно со преговорите за зголемување на платите во приватниот сектор, се преземаат конкретни чекори за згомемување на платите на вработените во ЈП Национални шуми, а доколку тоа не се случи ќе има штрајк!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.