Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СГИП ПРИ ССМ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА НАЦИОНАЛНИ ШУМИ, СЛЕДУВА ИСПЛАТА НА К-15 ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

На барање на Синдикатот СГИП при ССМ, денеска претседателот Иван Пешевски, претседателот на Синдикалната подружница на СГИП во ЈП Национални шуми, Ванчо Велков беше остварена средба со Директорот на ЈП Национални шуми, Валентин Груевски, а на средбата присуствуваа и други членови на синдикалниот одбор.

Средбата беше побарана за да се разговара за сите отворени прашања поврзани со правата на работниците, како и за да се добијат информации од менаџментот за состојбата на јавното претпријатие.

Клучно барање на вработените е по пат на социјален дијалог, изнаоѓање на начин и средства за зголемување на платите особено во овие услови на голема инфлација и зголемена синдикална минимална кошница како и за исплата на останатите додатоци на плата за кои работниците имаат побарувања.

Директорот, Груевски информираше дека во изминатите шест месеци го затворил долгот кон УЈП од предходни години што и било најголема пречка за редовното исплаќање на платите на вработените, а дека со покачувањето на цената на огревното дрво прв пат по 13 години, се обезбедуваат дополнителни средства во јавното претпријатие и истото нема да биде доведено при секоја продажба на огревно дрво да прави дополнителна загуба поради зголемување на цените на енергенсите, а истакна и дека со напорите кои се преземени во изминатите месеци, претпријатието за прв пат е во добра финансиска состојба без долгови кон трети лица.

Претседателот на СГИП, Пешевски уште еднаш го истакна барањето за зголемувањето на платите на вработените како главен проблем со кој се соочуваат поради тоа што платите не се зголемени во ова јавно претпријатие повеќе од 13 години и дека е потребно во овие моменти да се изнајде начин финансиски да се помогне на вработените.

Заеднички беше договорено од овој месец да се започне со исплата на регрес за годишен одмор односно К-15 за 2021 година кој ќе се исплаќа во наредните неколку месеци и на тој начин вработените ќе добијат приближно средства колку и барањето за зголемување на платите, а доколку остане трендот на зголемено производство на огревно дрво, како и доколку остане трендот и заложбата на директорот за разционалното работење преку намалување на трошоците и зголемување на приходите, ќе се отпочне со преговори за зголемување на платите на вработените.

Членовите на синдикалниот одбор пред директорот истакнаа и други прашања и проблеми за кои во најскоро време ќе се дискутира и изнаоѓа решение по пат на социјален дијалог.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.