Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ШКОЛА ЗА СИНДИКАЛИЗАМ НА ССМ И ФЕС

Сојузот на синдикатите на Македонија во соработка со Канцеларијата на ФЕС - Скопје продолжува со активностите и соработката која беше сопрена поради пандемијата од Ковид - 19.

​ССМ и ФЕС организираат Школа за синдикализам за млади од 23-25.03.2022 година во х.Романтик во Велес.

На Школата за синдикализам учествуваат млади синдикалисти од синдикатите и ќе дискутираат на темите за очекувања од зголемување на минималната плата, ќе стекнат нови вештини за процеси на преговарање за зголемување на останатите плати согласно зголемување на минималната плата, како и за синдикални активности за зголемување на бројот на членови во синдикатите.

Присутните ги поздрави Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

Соработката со Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje многу помогна за зголемување на минималната плата, а ССМ спроведе и неколку кампањи за млади со нивна поддршка.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.