- Македонски
- English



ШТО БАРААТ РАБОТНИЦИТЕ !
ССМ и КСОМ на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот ги упатија барањата на работниците до новата Влада !
НИЕ РАБОТНИЦИТЕ БАРАМЕ :
Градење на системско решение и обезбедување на континуиран пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор врз основа на егзистенцијалните потреби на работниците и нивните семејства и реалната состојба на економските и пазарни параметри, економскиот развој, инфлацијата, трошоците на живот и цените на основните животни продукти.

- Минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 денови на новата Влада како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението како и за спречување на одливот на работната сила во Државите од регионот.

-Исплата на трошоци за превоз на сите вработени во висина на реалните трошоци за доаѓање и враќање од работа.

-Исплата на трошоци за храна на сите вработени во висина од 20% од просечната плата.