Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ШТО ДОБИВАШ, А ШТО ГУБИШ ?

ШТО ДОБИВАШ, А ШТО ГУБИШ ?

Спремен ли си да се откажеш од придобивките обезбедени од синдикатот ?

Најголемите критичари на синдикатот се оние кои најмногу добиле од него !

Колку од нив ќе се откажат од синдикат и од придобивките за кои се изборил синдикатот во исто време ?

70.000 членови на синдикатите здружени во ССМ само во изминатите 2, 5 години се изборија за К-15 (најмалку 10.000 денари и 30% од просечната плата во јавен сектор и најмалку 40% од просечната плата во приватниот сектор) за сите работници во Македонија, за зголемување на минималната плата повеќе од 48% ( +7.300 ден) и раст на останатите плати помеѓу 24 и 55%( Државен завод за ревизија ), јубилејни награди за сите работници, право да не работиш во недела и ако работиш право на 50% додаток на плата, додатоци и надоместоци на плата ....

Ако не беа синдикатите, немаше да има ниту додаток за минат труд од 0,5 % годишно или најмногу 20%, прекувремена работа -35%, работа на празник и неработен ден -150%, работа ноќе -35%, работа во смени -5%, немаше да има право на опремнина во висина од најмалку 2 основици за заминување во пензија, надомест на трошоци за теренски додаток, одвоен живот, боледување смрт и др.

Се што е обезбедено со Општите колективни договори, гранските колективни договори и колективните договори на ниво на работодавач потпипани од ССМ и синдикатите здружени во ССМ, а ти пак мисли дека имаш право по закон !?

Сами можеме толку, заедно можеме се !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.