Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Што добивме со измените на Законот за работните односи

Како ССМ обезбедивме, ден на неделен одмор е недела за 92 % од работниците во Државата кои ќе посветат време на своите семејства, на обнова на својата работна сила и ќе го искористат ова време за социјални културни и образовни протреби, а 8 % од работниците кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес и ќе работат, а додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот и слободен ден ќе користат во наредните 7 денови.

Законските измени значат и подобра контрола на работното време и прекувремената работа, односно работникот кој нема да работи во недела ќе знае дека може да работи околу 4,5 месеци прекувремена работа неделно по 8 часа, останатите 7,5 месеци мора да работи 40 часа неделно 5 дневна работна недела па така и сабота е неработен ден, а покрај додатокот на плата за прекувемени часови +35 %, ќе добие и бонус плата за прекувремена работа над 150 часа.

Работниците на кои ќе им биде прекршено ова ново право обезбедено од страна на ССМ, можат да пријават прекршување преку новата мобилна бесплатна апликација ССМ – мои работнички права до ССМ и Државниот инспекторат за труд.

Со законските измени Државниот инспекторат за труд многу по ефикасно ќе спроведува контрола во дејностите кои се во исклучоците, поради малиот број на дејности кои ќе работат во недела, а контрола може да врши секој граѓанин и работник, а потоа да пријави неправилности до ССМ и ДИТ.

Напоменуваме дека работодавачот е должен пред започнувањето на работата, да го извести Државниот инспекторат за труд, а му укажуваме на работодавачот кој ќе работи, а не е во исклучоците дека ќе му се забрани вршење на работа во работната просторија или работниот простор каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена, а ако го повтори пркршокот во траење од 30 дена, а ќе му се издаде и прекршочен платен налог (парична казна)

Иако како ССМ на Економско социјалниот Совет се залагавме опфатот на дејностите кои ќе бидат во исклучоците да биде многу помал, односно да не се овозможува на Министерот за труд и социјална политика со правилник да ги утврдува помошните и придружни дејности затоа што тоа значи дерогирање на Законот за работните односи со еднострани акти на МТСП иако законите од трудовата област се носат по пат на социјален дијалог преку Економско социјалниот Совет што мора задолжително да се применува и при носењето на евентуалните правилници за што и ССМ достави предупредување до МТСП.

Не беше прифатен предлогот на ССМ, слободниот ден за оние работници кои работат во недела задолжително да биде денот пред или после денот недела во кој реаботникот работи, како и заради прекршување на законските одредби да се затвори работењето на целата компанија, а не само работните простории каде прекршувањето е сторено.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.