- Македонски
- English
Сојузот на синдикатите на Македонија обезбеди целосна поддршка на Синдикалните организации на АД „Пошта на Северна Македонија“ кои во ССМ донесоа одлука за започнување на генерален штрајк во АД Пошта.
Поради неуспешниот трипартитен дијалог помеѓу Управниот одбор на Пошта на С.Македонија , Владата на РСМ и Синдикалните организации на Пошта на С.Македонија, и нереализирање на барањата на вработените и Синидикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Ве известуваме дека Централниот одбор на Синдикат на Македонска пошта (СМП) и Извршниот одбор на Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија (СОПСМ) на ден 31.03.2022 година донесоа одлука за започнување на генерален штрајк.
Причините за започнување на генерален штрајк се однесуваат на загриженоста кај над 2200 вработените за иднината на компанијата и неизвесноста од зачувување на нивните работни места, незадоволството од нереализирање на барањето на линерно покачување на нето платите на вработените во висина од 3.000 денари кои не се покачени повеќе од 30 години, супстандардни услови за работа, повеќегодишно необезбедување на средства за работа , незадоволство на вработените од постоечката систематизација и нереализирање на дел од барањата на вработените и Синдикалните организации наведени во Заклучоците од 15.10.2021годиина .
Барањата на вработните-членови на Синдикалните организации на штрајкот се
Со оглед на законското определување на времетраењето на постапката за помирување, штрајкот ќе биде во мирување до нејзиното завршување.
Доколку не успеме да ги решиме взамните проблеми на мирен начин со помирувањето, Синдикатот на Мкаедонска пошта и Синдикалната организација на А.Д. Пошта на Северна Македонија започнуваат со генерален штрајк на ден 14.04.2022 година со почеток во 08.00 часот, на работните места и простории кај работодавачот.
Штрајкот ќе трае до исполнување на барањата на штрајкувачите, односно до склучување на спогодба.
Работата на А.Д. Пошта на Северна Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно Законот за поштенски услуги член 49 и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата на Синдикатите од страна на АД Пошта на Северна Македонија .