- Македонски
- English

Денеска, претседателот на ССМ Дарко Димовски со синдикатот односно штрајкувачкиот одбор во ЈП за ПУП Прилеп остварија средба со вд Директорот Зоран Јовески на која беа презентирани предлозите на штрајкувачите за ставање на штрајкот во мирување. Иако од страна на раководството беше кажано дека средства има за исполнување на барањата, не можат истите да се исплатат на работниците со изговор - поради немање на основ што не е точно и Законите и колективните договори го овозможуваат основот, па очигледно е дека раководството на чело со вд Директорот и Управниот одбор со некаква намера не ги усогласуваат платите на работниците.
Поради игнорантскиот однос на раководтвото, жителите на Општина Прилеп се оставени без локален автобуски превоз, а поради непочитувањето на Законите и колективните договори и ваквиот однос раководството свесно се доведува во прашање и превозот на учениците, студентите и граѓаните и во иднина на општина Прилеп.
Додека во државата постојат закони и колективни договори, директорот и управниот одбор се однесуваат како султани и со правилници еднострани акти донесени без никакви кретириуми од страна на раководството ги прекршуваат и не ги почитуваат работничките права.
ССМ и СУТКОЗ рамо до рамо со штрајкувачите во ЈП за ПУП Прилеп до остварување на правата за зголемување на платата.