Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ШТРАЈКОТ ВО МИРУВАЊЕ, РАЗУМОТ ПРЕОВЛАДА

ШТРАЈКОТ ВО МИРУВАЊЕ, РАЗУМОТ ПРЕОВЛАДА

По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) до Претседателот на Владата на РСМ Талат Џафери, преовлада разумот во Владата и на вчерашната седница, донесе нов заклучок со што ја поништи претходната препорака која беше испратена до Управниот одбор и донесе нова препорака, со која се препорачува вредноста на бодот да остане иста.

Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување.

Единството помеѓу вработените во истрајноста, се со цел да не се намалат платите во износ од 21%, но и значењето на услугите кои ги нуди ФЗО, надлежните мораа да попуштат и да ја утврдат досегашната вредност на бодот.

Сакаме да им се заблагодариме на сите организации од здравствениот сектор, Синдикатите од здравството, медиумите но и граѓаните на разбирањето и поддршката која ни ја дадоа во целиот овој период.

Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран.

На крајот, сакаме на синдикалните лидери на другите синдикати кои се организирани во ФЗО, да им укажеме дека Синдикатот на УПОЗ е ЕДИНСТВЕН репрезентативен синдикат во управата и правосудството во РМ, и истиот низ годините наназад не подлегнувал и нема да подлегне на никаков притисок, а бидете сигурни дека и натаму ќе продолжи да ги брани правата на своите членови.

**Сликата е преземена од МAКФАКС

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.