Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ШТРАЈКОТ ВО НАЦИОНАЛНИ ШУМИ ЗАПОЧНА

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска ги посети работниците во подружницата на Македонски шуми - Бабуна Велес и оствари средба со Синдикалниот претставник Зоран Игновски.

Вработените предводени од Синдикатот СГИП при ССМ, денеска го започнаа најавениот штрајк за исплата на двете заостанати плати како и за редовна исплата на платите во иднина, а дел од барањата се исплата на теренскиот додаток, како и исплата на другите додатоци на плата утврдени со Закон и Колективен договор.

Сојузот на синдикатите на Македонија дава безрезервна поддршка во борбата на работниците за остварувањето на право на плата преку Штрајк.

Денес во сите подружници на ЈП Национални шуми сликата е иста, вработените штрајкуваат поради тоа што немаат земено ниту плата, ниту надоместоци и додатоци на плата.

Штрајкот ќе трае до остварување на правата, а тоа се навремена исплата на плата со сите додатоци!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.