Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИЕР ПРИ ССМ ГИ ЗГОЛЕМУВА ПЛАТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ ОД ПРИВАТЕН СЕКТОР ВО ИНДУСТРИЈА И РУДАРСТВО

Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија во изминатиот период напорно работи и успеа да обезбеди усогласување на платите на вработените во компаниите каде што има формирано синдикални организации.

Преговорите во приватниот сектор течат со предвидената динамика и работодавачите ги зголемуваат платите на вработените за најмалку 2.806 денари.

Со активно учество на СИЕР платите се зголемени на вработените во Либерти Скопје, Факом Скопје, ЛТХ Охрид, ОКТА Скопје, а во тек се преговори за привршување на процесот за зголемување на платите и на другите членови во СИЕР.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2022 | Сите права се задржани.