Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИЕР ВО ПОНЕДЕЛНИК НА СОСТАНОК ВО ВЛАДА ЗА ЕУРОНИКЕЛ

СИЕР ВО ПОНЕДЕЛНИК НА СОСТАНОК ВО ВЛАДА ЗА ЕУРОНИКЕЛ

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов заедно со Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во Еуроникел индустри, придружувани од Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во понеделник ќе остварат средба со Заменик на претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи за состојбата во комбинатот Еуроникел индустри.

Целта на средбата е да се побара поддршка за изнаоѓање на решение за компанија во која се вработени повеќе од 800 работници како и за нејзино понатамошно функционирање.

Синдикатот ги прави сите напори за обезбедување на непречено функционирање на коминатот кој е од големо значење не само за градот Кавадарци туку и за целата држава.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.