Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАЛЕН МАРШ,1ВИ МАЈ 2021 ГОДИНА

СИНДИКАЛЕН МАРШ

Скопје, почеток 10.30ч на 1 Mај 2021 година пред зградата на ССМ

Го одбележуваме Меѓународниот ден на трудот, 1-Ви Мај во услови на здравствената криза, предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, со СИНДИКАЛЕН МАРШ, под мотото: ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ!

Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција.

Ги повикуваме сите работници, кои ги препознаат нашите вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата.

Синдикалниот марш, со запазување на сите мерки и препораки за заштита од Ковид -19, ќе започне на 01.05.2021 година во 10.30 часот пред зградата на ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.