- Македонски
- English
Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на значењето на меѓународниот ден на жената – 8 март кој има за цел да ја подигне свеста за потребата од креирање на општество на родова рамноправност и еднакви можности на мажите и жените како основен предуслов за активно , креативно и продуктивно учество на сите граѓани во градењето и унапредувањето на државата по примерот на европските стандарди и практики.
На меѓународниот ден на жената 8 –ми март, Сојузот на синдикатите на Македонија, во име на сите жени бара поголема институционална поддршка за родова еднаквост и елиминирање на сите форми на родово базирано насилство и дискриминација како основа за сите демократски процеси во државата.
Жените, членки на ССМ бараат одржливи работни места ,поголеми и подостоинствени плати, здрави и безбедни услови за работа , социјална сигурност и остварување на работничките права.