Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАЛНА АКАДЕМИЈА НА СИЕР, СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО, СГИП И СРСВМ

Фондацијата Фридрих Еберт канцеларија Скопје како голем пријател на ССМ и синдикатите здружени во ССМ, поддржа организирање на Синдикална академија за правни застапници, синдикалните претставници и раководства од синдикатите СИЕР, СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО, СГИП И СРСВМ на која ќе се разговара за состојбите и предизвиците во синдикалното здружување и организирање и колективно договарање во Македонија.

Синдикалната академија ја отворија Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски заедно со Валон Садики од ФЕС - Скопје, а Проф. д-р Александар Ристовски од Правен факултет ,,Јустинијан Први" во Скопје ќе се погрижи учесниците да се стекнат со потребните знаења за синдикално здружување и организирање, колективно договарање и право на штрајк.

Силни синдикати, подобрени работнички услови!

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.