Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАЛНАТА БОРБА ДАВА РЕЗУЛТАТИ, А ТИ УШТЕ НЕ СИ ЧЛЕН И УЖИВАШ ПРАВА

После две годишно убедување дека треба и мора да се исплати регресот за годишен одмор за 2020 година, Владата и покрај нејзиното противење, попушти под притисокот на поднесените тужби од Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ

Синдикатот УПОЗ како потписник на ГРАНСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР за органите на државната управа, стучните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, општините, Град Скопје, општините во Град Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија утврди права за работниците, иако од 26000 работници само околу 5.500 се членови кои се изборија, сите да имаат работнички права како К-15 кое сега го добиваат на своите сметки.

Под притисокот на УПОЗ и поднесените тужби, Владата донела заклучок со којшто се задолжуваат буџетските корисници да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор да ги обезбедат во рамки на одобрениот сопствен Буџет за 2022 година со внатрешна прераспределба меѓу расходните ставки.

– Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година, а со цел намалување на товарот врз Буџетот по основ на судски и адвокатски трошоци, на предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9.000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки, се неведува во соопштението од Владата.

За буџетските корисници коишто немаат реални можности да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес со внатрешна прераспределба во рамките на сопствениот Буџет за 2022 година, предвидено е да се обезбедат средствата со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите.

Само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.