- Македонски
- English

СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА ЗГОЛЕМЕНА ЗА 757 ДЕНАРИ И ДОСТИГНА 69.432 ДЕНАРИ

ЗА ЕДНА ГОДИНА МИНИМАЛНИОТ ТРОШОК ЗА ЖИВОТ ПОРАСНА ЗА 4.355 ДЕНАРИ, ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗА 8.126 ДЕНАРИ
Синдикалната минимална кошница за септември 2026 година изнесува 69.432 денари, а во однос на август 2026 година, кога изнесуваше 68.675 денари, вредноста на кошницата е зголемена за 757 денари.
Но вистинската слика за движењето на трошоците се гледа кога ќе се направи споредба со истиот месец од претходните години.
Во септември 2025 година Синдикалната минимална кошница изнесуваше 65.077 денари. За само една година, потребниот минимален месечен буџет е зголемен за 4.355 денари.
Во септември 2024 година вредноста на Синдикалната минимална кошница изнесуваше 61.306 денари, или за две години, до септември 2026 година, таа е зголемена за 8.126 денари.
Во јануари 2026 година Синдикалната минимална кошница изнесуваше 66.413 денари и истата во септември достигна 69.432 денари што е зголемување од 3.019 денари.
Со други зборови, секој месец од почетокот на годината носи дополнителен товар врз семејниот буџет.
За храна и пијалаци во септември 2026 година се потребни 25.259 денари, што претставува 36,4% од целата Синдикална минимална кошница.
Тоа значи дека повеќе од една третина од минималниот семеен буџет е потребна само за храна и пијалаци.
За семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималниот месечен трошок во септември достигнува 84.807 денари. што е за 15.375 денари повеќе од основната Синдикална минимална кошница.
Во споредба со септември 2024 година, кога со изнајмен стан од 60 м² биле потребни 76.681 денар, денес се потребни 8.126 денари повеќе.
БРОЈКИТЕ ЈАСНО ЈА ПОКАЖУВААТ ДВИЖЕЊЕТО НА ТРОШОЦИТЕ
Септември 2024: 61.306 денари
Септември 2025: 65.077 денари
Септември 2026: 69.432 денари
За две години: +8.126 денари
Синдикалната минимална кошница е мерило за минималните трошоци потребни за задоволување на основните потреби на едно четиричлено домаќинство и затоа, секое зголемување на нејзината вредност е директен показател за зголемениот финансиски товар врз семејниот буџет.
ССМ секој месец јавно ги презентира трошоците за живот, затоа што зад секоја бројка од Синдикалната минимална кошница стои реалниот живот на работниците и нивните семејства.