- Македонски
- English

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) реализираше дводневна стручно-специјализирана работилница на тема: “Заштита на работниците во процесот на праведна транзиција и обезбедување на социјална сигурност” како еден дел од Проектот – СИНДИКАТИТЕ И ПРОЦЕСИТЕ НА ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА: УЛОГАТА, ЗНАЧЕЊЕТО, ИДНИ СИНДИКАЛНИ ЧЕКОРИ НА ПОДДРШКА И АКТИВИЗАМ КОИ ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ЗАШТИТЕНИ РАБОТНИЦИ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА финансиран од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Поддршката која Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) ја добива од МОТ низ годините е од големо значење, па така во само мал дел од долгогодишната меѓусебна успешна соработка можат да се вбројат успешно реализирање на голем број проекти со различни приоритети, обуки како и финансиска поддршка за спроведување на различни синдикални активности.
Спроведување на проект кој ќе биде посветен на процесите на праведна транзиција претставува дел од работната програма на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) за 2025 година, а организирањето и спроведувањето на овој проект со посебен фокус на секторите градежништво, енергетика и агро-секторот беше овозможено токму благодарение на поддршката на МОТ.


ССМ, како најголем синдикат во нашата држава во месеците кои следуваат ќе се посвети целосно на спроведување на Проект со активности во различни делови од нашата држава посветени на темата на улогата и значењето на синдикатите во процесите на праведна транзиција и идните синдикални чекори на поддршка и активизам кои ќе обезбедат заштитени работници и работнички права за време на успешната реализација на овој неопходен за човештвото процес, а организацијата и спроведувањето на дводневна работилница на тема “Заштита на работниците во процесот на праведна транзиција и обезбедување на социјална сигурност” го означи и официјално почетокот на овој проект.
На дводневната работилница присуствуваа претставници од сите грански синдикати, членки на Сојузот на Синдикатите на Македонија, а посебно активно учество имаа синдикалните претставници од секторите на градежништво, енергетика и агро-секторот како најзасегнати во праведната транзиција. Работилницата ја отвори Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов како претседатели на оние грански синдикати здружени во ССМ кои доаѓаат од секторите кои ќе имаат огромна улога и ќе биде потребно да се обидат да најдат решенија на многу предизвици кои ќе се појават низ процесот на праведната транзиција, бидејќи несомнено работниците кои се синдикални членови на овие грански синдикати ќе бидат соочени со промени за кои ќе им биде потребна не само државна поддршка туку и поддршка на синдикатите во кои членуваат. Токму поради тоа ССМ за целите на оваа работилница ангажираше обучувач-експерт од областа на праведна транзиција Коста Петровски, кој ја водеше оваа дводневна работилница во насока да ја оствари главната цел, а таа е да го зајакне капацитетот на учесниците кои се синдикални претставници од разни сектори, да можат полесно да ги разберат и применат принципите на праведна транзиција и да обезбедат преку своите активности во синдикалните организации од кои доаѓаат социјална сигурност за работниците.

Правилното и јасно објаснување на поимот праведна транизиција, но и успешни, јасни и темелни државни политики посветени токму на праведната транзиција, а особено на обезбедувањето на социјалната сигурност на засегнатите региони треба да биде приоритет на секоја Влада, но и на останатите социјални партнери како што се организациите на работодавачи и синдикатите како претставници на работниците. Па така имајќи ја предвид улогата и на синдикатите, преку 5-те модули кои претставуваат составен дел на Агендата на нашата специјализирана обука учесниците се стекнаа знаење околу тоа што значи праведна транзиција, кои сектори се најпогодени, кои обврски ги превзема нашата држава со цел преориентирање кон употреба на обновливи извори на енергија, што значи улогата на социјалните партнери и зошто нивната интервенција е потребна на работниците во сите процеси, па така и во овој на праведната транзиција. Понатаму низ анализа на реални случаи на засегнати работници кои биле соочени со промени или губење на работните места како резултат на мерки преземени во процесот на праведна транзиција беше објаснето што претставува социјалната сигурност и каков е националниот систем на социјална сигурност и беше водена дискусија за тоа каква ќе биде потребата тој систем да се адаптира или измени токму како резултат на ваквите реални случаи кои постојат сега и ќе постојат во иднина во работните односи предизвикани од процесите на праведна транзиција. Објаснувањето на праведната транзиција како модел на повторен развој, а не како модел на уништување на досегашното живеење и функционирање на регионалните, а со тоа и несомнено на националните економии и модел кој е базиран на локално дизајнирани јавни политики кои ќе создаваат квалитетни работни места и достоинствен живот на сите вработени и сите заедници кои се вклучени во процесот на декарбонизација на нивната економија, ќе доведе до тоа луѓето полесно да ја разберат и прифатат и подржат праведната транзиција. Имајќи го предвид токму ова следниот модул беше посветен на програмите за обука, квалификации, преквалификации, доквалификации кои несомнено ќе им бидат потребни на работниците и беше објаснета улогата на синдикатите кои ќе мораат да ги спремат своите членови и да им помогнат полесно да ги поминат овие програми за да можат да земат повторно учество на пазарот на труд и да можат да се прилагодат на политиките на нивна заштита кои несомнено секоја држава ќе мора да ги донесе и да ги посвети токму на најпогодените работници, бидејќи праведната транзиција бара меѓусебна соработка, разбирање, интегрирано делување и заедничка визија на работодавачите, синдикатите, владите и локалните заедници. Работниците многу повеќе ги чувствуваат синдикатите како свои легитимни претставници наспроти Владите и работодавачите, па така ниту една владина политика нема да може успешно да се спроведе без социјален дијалог и учество на синдикатите. Имајќи предвид дека процесот кој треба да се спроведе во нашата држава претставува пат кој веќе голем број на држави успешно го поминаа или сеуште го поминуваат, беа објаснети и презентирани на присутните учесници и добрите политики и практики од Европската Унија, улогата на европските фондови и нивната поддршка преку експертизата и средствата кои ги нудат на нашата држава. На крај како резултат на оваа работилница и преку активно учество на учесниците беа утврдени политиките на ССМ посветени на праведната транзиција со кои ССМ како репрезентативен синдикат на национално ниво, меѓутоа и како репрезентативен синдикат во јавниот и приватниот сектор ќе настапува секогаш кога праведната транзиција ќе биде предмет на социјалниот дијалог во нашата држава. Уште еднаш од присутните учесници беше истакната и потврдена потребата од вклученоста на националниот економско-социјален совет и на локалните економско-социјални совети (ЛЕСС) и во овој процес каде на локално и регионално ниво ќе се овозможи успешно планирање на конкретни активности за задржување на работните места на засегнатите работници и каде ќе се води целосна грижа за заштита на работничките права и егзистенција. Синдикатите се должни не само будно да ја следат реализицијата на процесот на праведна транзиција, туку и да земат активно учество во истата бидејќи во интерес на сите работници и македонски граѓани е овие планови да не останат само на хартија, туку целосно и со предвидена динамика да се реализираат, како би можеле да обезбедиме опстанок, развој и сигурност за идните генерации, меѓутоа секогаш заштитувајќи ги и засегнатите работници, нивната иднина и иднината на нивните семејства.
Синдикалната едукација за праведната транзиција ќе помогне во овој процес, па токму поради тоа Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) ја посвети својата експертиза за креирање на овој Проект кој нема да застане со оваа работилница, туку напротив, ќе следуваат синдикални активности посветени на праведната транзиција кои ќе продолжат и во наредниот период.