Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИОРИТЕТ НА СГИП ПРИ ССМ

Од 02-04.09.2022 година во Хотел Метропол - Охрид се одржа Синдикална Академија за претставници на СГИП на која учество земаа над 50 учесници. На оваа синдикална академија обучувач беше Проф.Д-р Александар Ристовски од Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје. Учесниците имаа можност да се запознаат подобро со нивните права од работен однос, правата кои произлегуваат од Колективните договори како и да се дружат низ квиз на знаењe од областа која ја сработија.

Синдикалното образование е приоритет на СГИП, бидејќи само со образовани синдикални претставници ќе имаме подобри услови за работа, достоинтсвени плати и колективни договори кои повеќе ќе ја доуредат материјата од работното законодавство наспроти Законот за работни односи.

Претседателот на СГИП изрази голема благодарност за интересот и ги поттикна младите работници да учествуваат на сите овие синдикални активности како и да се организираат повеќе во компаниите каде што работат.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.