- Македонски
- English

Денес Синдикатот на УПОЗ ја одржа својата четврта проширена седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ на која се донесе Одлука за одржување на протести во управата и правосудството со кој ќе се искаже незадоволството поради не усогласувањето на сите плати со порастот на минималната плата.

Протестите ќе се одржат на 07.04 (четврток) и 08.04.2022 година (петок) во времетарење од два часа односно од 10:00 до 12:00 часот пред секоја институција.
Исто така, на седницата на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, беше подготвен и амандман на Предлог законот за изменување на Законот за административни службеници кој треба да се донесе по скратена постапка, односно со амандманот барањето на Синдикатот на УПОЗ е усогласување на сите плати во износ од 2.800,00 денари за сите нивоа.
Амандманот во текот на утрешниот ден, ќе биде доставен до сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија.
Повеќе информации ќе следуваат во деновите кои следат.