Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ !

Синдикалци денеска убедуваат дека можеби и не е потребен раст на минималната плата затоа што растот на минималната плата ќе правел притисок врз останатите плати, а тоа не било добро.

Сметаат и дека кошничката што ја пресметува ССМ треба да ја критикуваат и да даваат поддршка на некој трет да ни ја крои капата нам, на работниците и граѓаните, а бојкотот покажа дека животот ни е прескап и дека е потребно платите да се зголемат уште денес !

Сојузот на синдикатите на Македонија и синдикатите здружени во ССМ се единствените кои се борат за зголемување на платите и зголемување на минималната плата, а останатите синдикати се борат против ССМ, против работниците и даваат поддршка на Владата и работодавачите !

Ние ќе се бориме, тие ќе се молат !

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.