Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Синдикати во трансформација: Стратешко предвидување за подготовка за иднината

Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија на 1 и 2 декември учествуваа на регионалната работилница „Синдикати во трансформација: Стратешко предвидување за подготовка за иднината“.

Настанот беше организиран од Меѓународната организација на трудот (МОТ) преку Бирото за активност на работниците (АCTRAV), во рамките на програмата Синдикати во трансформација: Двигатели на промена.

Работилницата беше посветена на унапредување на капацитетите на синдикатите од Македонија и Црна Гора за стратешко предвидување, адаптација на промените на пазарот на труд и справување со современите предизвици што ги носат технолошките, економските и геополитичките трансформации.

Учесниците дискутираа за клучните двигатели на промените, за потребата од поголема организациска поставеност, како и за развивање алатки што ќе им помогнат на синдикатите да предвидуваат и да дејствуваат проактивно.

 Работилницата овозможи и размена на искуства меѓу синдикалните организации од двете земји, со акцент на подобрување на социјалниот дијалог, праведната транзиција и заштитата на работничките права.

ССМ продолжува активно да се вклучува во меѓународни иницијативи со цел унапредување на синдикалното делување, застапување и градење нови пристапи во интерес на работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.