Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВО НАЈАВИЈА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

Здравствените работници најавија радикални мерки и генерален штрајк, откако не го добија ветеното покачување на платите и откако Владата и Министерството за здравство ги излажаа и ги изманипулираа и не им ги зголемија платите, а си ги зголемија своите плати за 2000 денари дневно или за 78% месечно.

Продолжува неизвесноста околу покачувањето на платите на здравствените работници, а сѐ уште не е потпишан и анексот на колективниот договор, со кој треба да се реализира покачувањето, неизвесно е како ќе биде исплатена априлската плата, реагираа на прес-конференција, Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Предраг Серафимовски, претседател на Синдикат на Клинички.

Синдикалните претставници појаснија дека она што го очекуваат вработените, е она што било договорено, покачена плата за април и со разлика на плата од претходниот месец.

– Здравството е осетлив и значаен систем, столб на државата, нагласија претставниците на синдикатите.

Каранфиловски потсети дека досега се направени два протеста и дека во моментов во здравството се случува таканаречен бел или тивок штрајк, кој значи демотивираност на вработените, кои сепак совесно даваат здравствена услуга на пациентите, но, им се губи ентузијазмот.

Според нивните последни информации, Министерството за здравство чекало писмено мислење од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, за да пристапи кон потпишување, а како информација и заклучок за покачување, поминало на Влада. Беше изразена надеж дека нема да дојде до тоа, да мора да се преземе најрадикалниот чекор, генерален штрајк.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.