Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО И ЗДРУЖЕНИЈАТА СО ЗАЕДНИЧКИ ПРИОРИТЕТИ

СИНДИКАТИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО И ЗДРУЖЕНИЈАТА СО ЗАЕДНИЧКИ ПРИОРИТЕТИ

Денес во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа состанок на Претседателството на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ, со претставници од Самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации во РМ, претставници од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки и претставници од Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на РМ.

На состанокот се зборуваше за актуелните состојби во здравствената дејност и за се она што досега се постигна за вработените во дејноста.

На состанокот присуствуваше и претседателот на ССМ Слободан Трендафилов кој се осврна на придобивките за вработените по потпишувањето на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Во тек на состанокот утврдија заеднички приоритети за понатамошни преговори и реализација на истите со социјалниот партнер.

Во текот на утрешниот ден ќе се одржи состанок во Министерството за здравство со министерот д-р Фатмир Меџити од кој што се надеваме дека ќе произлезат конкретни заклучоци кои ќе бидат споделени со членството.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.