Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТОТ НА АД ЕЛЕМ - СИЕР ПРИ ССМ СО РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ВРАБОТЕНИТЕ, ПЛАТАТА ИСПЛАТЕНА, ПРЕГОВОРИ ЗА НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР

Претседателот на Синдикалната организација при АД ЕСМ при СИЕР, Јове Смилевски ја посети подружницата на АД ЕСМ, ХЕЦ Тиквеш, Кавадарци.

На средбата со вработените беа презентирани придобивките од новиот колективен договор на АД ЕСМ кој се очекува во најскоро време да се потпише од страна на единствената Синдикална организација во АД ЕСМ дел од СИЕР при ССМ.

На средбата со вработените беше дискутирано и за состојбите во комбинатот како и дека Синдикалната организација веќе извршила разговори за причините повр,ани со доцнењето на платата и од страна на менаџерскиот тим информирано е дека истата ќе биде исплатена во текот на денешниот или најдоцна во текот на утрешниот ден.

Во наредниот период претседателот Јове Смилевски ќе ги посети сите подружници и ќе се сретне со вработените за да бидат презентирани придобивките од новиот колективен договор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.