Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТОТ НА МЕДИУМСКИ ИНФОРМАТИВНИ АГЕНЦИИ - СМИА НОВА ЧЛЕНКА ВО ССМ

Претседателството и Советот на ССМ едногласно го прифатија барањето од гранскиот синдикат Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции - СМИА за придружување кон семејството на грански синдикати во Сојузот на синдикатите на Македонија.

ССМ како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и своите ставови ги искажува јавно и транспарентно се залага и се бори за сите работници во сите сектори вклучително и во секторот на Медиумските информативни агенции што е препознаено и од Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции - СМИА .

Поради потребата од заштита на работниците во Медиумски информативни агенции, ССМ заедно со Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции - СМИА секогаш ќе стојат во одбрана на работнички права на новинарите и вработените во медиумите, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со СМИА и ССМ да ги остварат своите права.

Членови на СМИА можат да бидат лица вработени во дејностите од медиумскиот сектор и други дејности, а СМИА е доброволна и независна организација која се бори за остварување, унапредување и заштита на економските, социјалните, работно-правните, професионалните и другите права и интереси на своето членство.

СМИА цели кон:
– постигнување на добри социјално-економски и професионален статус на членството
– заштита на правото на работа и на работниот однос;
– социјален дијалог;
– колективно договарање;
– унапредување на условите за работа;
–права на социјално, здравствено, пензиско и инвалидско осигурување;
–права на дневен, неделен и годишен одмор;
-создавање мотивација за креативен и квалитетен труд за унапредување на професијата;
– обезбедување на законски гаранции на социјална заштита во случаи на појава на вишок на работници;
– остварување на меѓународна соработка.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.