Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Синдикатот на УПОЗ преку неговата правна служба пред судовите бесплатно ќе ги застапува своите членови.

Поради незаинтересираноста на Владата да ги почитува правата од Колективниот договор за државната управа, локалната самоуправа и правосудните органи, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (Синдикат на УПОЗ) соопшти дека има покренато активности за остварување на правото на регрес за годишен одмор за 2020 година по судски пат.

Заради остварување на правото на неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година, од Синдикатот на УПОЗ посочуваат дека преку претседателите на синдикалните организации презеле активности за доставување на полномошна од членовите за поведување на судска постапка.

Повеќе можете да прочитате на линкот:

https://libertas.mk/sindikatot-na-upoz-po-sudski-pat-e-bara-ostvaruva-e-na-pravoto-na-regres-za-godishen-odmor/?fbclid=IwAR1KvkhDds3t1IvEPolcX8jALoM0npAn0niauVL-pyD8LMn4bF0rkDeJhNs

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.