Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Сите големи капитални проекти државата ги дава на странски фирми

Нашите фирми немаат големи ангажмани за да можат да овозможат поголеми плати за работниците. Податоците се алармантни, а ние како синдикат подготвуваме детален извештај за оваа состојба кој ќе го обелодениме наскоро. Што се однесува до платите и условите за работа, веќе се знае дека кај нас платите се ниски, а условите за работа се полоши од регионот, па одењето во странство во една насока е многу често. Фактот што 12.600 работници во градежништвото изминатиот период заминаа, говори многу. Еве какви се просечните плати. Во секторот производство на градежни материјали просечната плата е 27.000 денари, а во градежништвото 24.000 денари – вели претседателот на Синдикатот на градежништво Иван Пешевски.

Синдикатите предупредуваат дека вината за заминувањето на градежните работници во странство покрај ниските плати и условите за работа е тоа што нашите градежни компании немаат работа за да можат да им ги зголемуваат платите бидејќи државата капитланите проекти ги дава на странци.

https://plusinfo.mk/ko-saka-da-mesha-malter-i-da-visi-na-skele-za-smeshna-plata-gradezhnicite-si-go-fa-aat-patot-sektorot-ima-potreba-od-20-000-rabotnici/?fbclid=IwAR0df4_n1NsMS1Tz6t7im-3hxynj6VG2OxrhN3Tq_Daq1dBhj5hz6XHqDk4

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.