- Македонски
- English
Последиците од катастрофалниот земјотрес кој се случил на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути по жителите и на градбите во Скопје биле катастрофални.
Животот го загубиле 1.070 жители на Скопје, 3.330 биле тешко повредени, а околу 200.000 останале без кров над глава.
Според пишаните документи, скопскиот земјотрес од 26 јули 1963 година, во кој градот загуби 82,4 % од својата административна вредност, е најсмртоносниот земјотрес кој се случил на Балканскиот Полуостров.
Многу значајни, репрезентативни и монументални објекти биле целосно или тешко оштетени. Тука треба да бидат споменат:, Железничката станица, Народната банка, Македонскиот народен театар, Централниот комитет на македонската Комунистичка партија, Градското собрание, Офицерскиот дом, општинската зграда Идадија, Секретаријатот на македонската Влада и други.
Зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (Работнички дом) изградена во 1958 година од големиот македонски архитект Славко Брезовски го преживеала земјотресот и била еден од малкуте функционални објекти во тоа време.