Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА, 63 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС

СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА, 63 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС

Последиците од катастрофалниот земјотрес кој се случил на 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути по жителите и на градбите во Скопје беа катастрофални.

Животот го загубиле 1.070 жители на Скопје, 3.330 биле тешко повредени, а околу 200.000 останале без кров над глава.

Според пишаните документи, скопскиот земјотрес од 26 јули 1963 година, во кој градот загуби 82,4 % од својата административна вредност, е најсмртоносниот земјотрес кој се случил на Балканскиот Полуостров.

Многу значајни, репрезентативни и монументални објекти биле целосно или тешко оштетени. Тука треба да бидат споменат:, Железничката станица, Народната банка, Македонскиот народен театар, Централниот комитет на македонската Комунистичка партија, Градското собрание, Офицерскиот дом, општинската зграда Идадија, Секретаријатот на македонската Влада и други.

Зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (Работнички дом) изградена во 1958 година од големиот македонски архитект Славко Брезовски го преживеала земјотресот и била еден од малкуте функционални објекти во тоа време.

Со својата монументалност и цврста конструкција, Работничкиот дом е еден од симболите на постземјотресното Скопје

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.