Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО АНЕКС ДО УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ОПШТИНА БОГДАНЦИ

Денес во просториите на Општина Богданци, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на синдикалната организација при Општина Богданци Силвана Данаилова и градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов, потпишaа Анексот на Колективниот договор за вработените Општина Богданци, со кој вработените во општината ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата.

Со овој Анекс на Колективниот договор вработените во Општина Богданци, со платата за месец јули, ќе добијат усогласување во износ од 2.806,00 денари.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски искажа задоволство на конструктивниот дијалог кој го имавме со Градоначалникот Шапов, кој во овие тешки моменти изјнајде начин да ги усогласи платите на вработените, со што дополнително ќе ги мотивира уште по енергично и ефикасно да ги извршуваат своите работни задачи.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.