Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО ПОМОШ НА ССМ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТА ДОБИВААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Синдикатот на Македонска пошта и СО на АД Пошта на Северна Македонија со помош на ССМ денеска започнаа со закажаниот штрајк за зголемување на платите на работниците во нето износ од 3000 денари.

Истовремено со учество на ССМ, Синдикат на Македонска пошта и СО на АД Пошта на Северна Македонија, Директорот и Управниот одбор на Пошта на Северна Македонија од утринава се водеа интензивни преговори и на повидок е потпишување на Спогодба со која ќе биде регулирано зголемувањето на платите на вработените во технолошкиот процес во Пошта започнувајки од јуни 2022 година, а за раководен кадар од август 2022 година.

На категориите на работни места за кои веќе е усогласена платата согласно порастот на минималната плата до 18.000,00 денари, ќе им се доплати разликата од зголемувањето до 3.000,00 денари.

Со помош на ССМ обезбедено е и платата односно дневницата за денот на штрајкот на вработените кои штрајкуваат да се исплати во полн износ.

Сојузот на синдикатите на Македонија како едниствен репрезентативен синдикат останува посветено да работи за зголемување на платите на сите работници.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.