Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО ПОСРЕДСТВО НА ССМ ОБЕЗБЕДЕНА СРЕДБА СО РАБОТОДАВАЧ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ

Сојузот на синдикатите на Македонија обезбеди средба помеѓу работодавачот Ројал Колар од Свети Николе и работничките од градот кои не по нивна вина ги изгубија работните места поради истекување на Договорите за вработување на определено време и технолошки вишок.

За поздравување е подадената рака од страна на работодавачот кој изрази добра волја да ангажира голем дел од работничките кои побараа помош од ССМ и присуствуваа на средбите, а кои беа организирани со поддршка на Градоначалникот на Општина Свети Николе, Велковски и Владата преку советникот за труд и социјална политика, Живковиќ.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски на денешната средба на работничките им укажа дека ССМ води грижа за сите работници подеднакво и дека поради таа причина разговара со работодавачите да во најскоро време повторно ги вработат работниците кои поради други не совесни работодавачи, во време на пандемија ги загубиле своите работни места, а за што веќе е обезбедена и финансиска поддршка преку активните мерки која ќе се реализира преку Агенцијата за вработување уште од наредниот месец.

Службите на ССМ подготвија и терк на Договор за вработување на неопределено време кој ќе послужи на работодавачит и на работниците за при склучувањето на новите договори за вработување .

Во најскоро време сите работници кај работодавачот синдикално ќе се организираат, а очекуваме што поголем број на работодавачи да го следат примерот, поради тоа што не се сите работодавачи исти.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.